Маричиќ: Сами си ја задаваме временската рамка за преговорите со ЕУ, планот ни е во оваа декада да сме спремни за членство

од Вести365.МК Ј.Р.

„Сами ќе си ја зададеме временската рамка, ЕУ нема да не притиска да направиме нешто во определен рок, ако ние не сме подготвено и не го прифатиме како обврска. Значи, во рамка временска која што ние ќе ја зададеме, а во нашиот интерес е тоа да биде што побрзо, ќе ги исполниме тие обврски. Планот ни е до крајот на ова декада да бидеме подготвени за членство во Европската Унија“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ за очекувањта на владата за процесот на преговори со ЕУ во интервју за „ИМА“.

Тој додаде дека по завршувањето на скринигот во сите кластери, што се очекува да биде во ноември оваа година, ќе добиеме извештај за секој кластер.

„Врз основа на тој извештај, ќе треба да подготвиме документи за реформи. Да речеме, во првиот кластер се тие патокази кои што се спомнуваат, кои што треба да ги опишат нашите обврски до членството во Европската Унија. Потоа како што се отвораат, ќе треба да ги исполнуваме задачите и да се нотира напредокот“ рече Маричи.

Вицепремиерот кажа дека досега скринингот е завршен за два кастера – темелни вредности и внатрешен пазар, а отворени се третиот кластер кој се однесува на компетитивност и инклузивен раст и четвртиот кластер за зелена агенда и транспортна политика.

Слични објави