Лига на шампиони: Бензема и Асенсио за предност на Реал, Мењон ја задржа гол предноста на Милан

Реал Мадрид минатата сезона во Лигата на шампионите се сретна со три премиерлигашки екипи на патот кон трофејот и во сите три излезе како победник.. Оваа сезона во првиот натпревар од четвртфиналето против Челзи, тимот на Карло Анчелоти ја оправда фаворитската улога на домашен терен и со убава предност од 2:0 ќе патува на реваншот на „Стемфорд Бриџ“ за шест дена. Резултатот беше преблаг за доминацијата која ја имаше Реал на теренот.

Иако првата вистинска шанса на мечот ја имаше Челзи, Реал многу брзо ја превзема контролата на натпреварот и по една одлична акција на Карвахал и Винисиус, Реал дојде до водство од 1:0 откако одбиената топка од ударот на Винисиус стигна до Бензема кој лесно ја заби во празната мрежа.

На стартот на вториот дел, Чилвел го повлече Родриго и беше исклучен со црвен картон. Во таква ситуација, Анчелоти го стави во игра Асенсио кој по одлична тимска комбинација го зголеми водството на Реал со погодокот за 2:0. Реал продолжи со одличната игра на теренот и доминираше до крајот на мечот, но сепак не дојде до поубедливо водство.

Во вториот вечерашен четвртфинален натпревар, Милан успеа да стигне до гол предност на „Сан Сиро“ против Наполи. Иако гостите од Југот беа сериозно ослабени, Мењон со шест успешни одбрани имаше големо влијание на резултатот. Разликата во головите беше направена од Бенасер по контрата, каде што Брахим Дијаз одигра важна улога. Наполи доминираше во првото полувреме, но Милан успеа да ја задржи својата предност. Во вториот дел, Мењон повторно беше брилијантен и спречи мајсторски гол на Елиф Елмас. Македонецот успешно се обиде да го лобува голманот на Милан, но топката ја погоди горната греда. Резултатот останат непроменет и покрај тоа што Милан на крајот играше со човек повеќе на теренот по исклучувањето на Ангиса. И со фудбалер помалку на теренот, најзрелата шанса повторно ја имаше Наполи, но Мењон повторно беше брилијантен и спречи чист гол на Ди Лоренцо во 87-та минута. Сите обидот на Наполи да се врати во натпреварот беа неуспешни, и Милан на крајот славеше со 1-0.

Слични објави