Лани 1.992 Македонци добиле бугарски пасош, и Русите почнаа да бараат бугарско државјанство

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош. Лани 356 Руси земале бугарско државјанство, во 2021 година 479 граѓани на Руската Федерација добиле бугарски пасош. Русите се на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство во текот на годината. Македонија е на врвот на листата, објавува порталот Сега.бг.

Според Комисијата за бугарско државјанство, лани 1.992 Македонци добиле бугарски документи. Втори на листата се Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356).

Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство.

Според податоците на Комисијата за бугарско државјанство лани вкупно 7.410 лица се стекнале со државјанство врз основа на бугарско потекло, бугарски државјанин како родител или општа натурализација. Бугарското државјанство им било вратено на 2.660 лица. 

Слични објави