Фудбалерите на Тотенхем и Евертон го поделија пленот во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата, со резултат 1-1. Тотенхем во периодов е без главен тренер по отказот на Антонио Конте, и во незгоден дел од сезоната кога води битка за Европа испушти многу важни три бода.
Во првото полувреме во Ливерпул беше релативно изедначено, со по некоја шанса на двете страни. За Евертон се закани Демарај Греј, додека за гостинот се обидуваа Хари Кејн и Сон.
Откако немаше погодоци во првиот дел, вториот тргна со црвен картон за Абдулаје Дукуре, а потоа и пенал за Тотенхем, кој беше реализиран од Хари Кејн во 68-та минута. Гостинот имаше контрола со играч повеќе, но во завршницата на натпреварот, резервистот Лукас Моура заработи директен црвен картон, па потоа почна кошмарот за лондончани.
По серија шанси, израмнувачкиот погодок беше дело на дефанзивецот Мајкл Кин, кој даде вистински еврогол од преку 25 метри биеше неодбранливо за Лорис во 79. минута на натпреварот. До крајот на мечот екипите беа расположени и напаѓаа, меѓутоа немаше голови и бодовите беа поделени.
Тотенхем во моментов има 50 бода, исто колку и Њукасл и Манчестер Јунајтед, меѓутоа тие имаат по два натпревари помалку. Од друга страна, Евертон со 27 бода е на еден бод над опасната зона.