Протест и блокада во Скопје против фемицидот и институционалната неодговорност

од Вести365.МК Ј.Р.

Со барања за одговорност од институциите, правда за жртвите и поголема заштита од насилство, во Скопје се најавени две граѓански акции – блокада пред Владата и протест во паркот „Жена борец“.

Првата акција е закажана за петок, 20 ноември, со почеток во 13 часот, кога е најавена блокада на улицата „Илинденска“, пред Владата, објави 4news.mk

На 25 ноември, среда, со почеток во 17 часот, ќе се одржи протест во паркот „Жена борец“, под мотото „Ниту една повеќе“.

Преку објавените повици се бара крај на фемицидот, насилството и институционалната неодговорност, а од надлежните се очекуваат конкретни постапки наместо ветувања.

„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА!“, порачуваат организаторите.

Со овие акции се повикува на поголема јавна поддршка за борбата против насилството врз жените и за институционална одговорност во справувањето со овој проблем, објави 4news.mk

Слични објави