Хаос во Приштина: Фрлени димни бомби, симнати знамиња на Косово
Денеска на главниот плоштад во Приштина се одржа протест со барање за оставка од институции на премиерот на Приштина, Албин Курти.
Демонстрантите ги симнаа знамињата на Косово пред зградата на Владата и поставија бели знамиња бидејќи, како што рече претставникот на организаторот, претседателот на СДП, Дардан Молиќај, „Курти се предаде во Охрид“.
Протестот привлече нешто повеќе од 100 луѓе, јавува дописникот на Танјуг од Приштина.
Димни бомби беа фрлени и пред седиштето на Владата, а тој чад, како што рече Молиќај, претставува „мрак во кој Курти ги внесе граѓаните на Косово“.
Протестот беше организиран од непарламентарната Социјалдемократска партија на Косово, отцепено крило на движењето Самоопределување, на чело со Албин Курти. Протестот го поддржаа и некои членови на Демократската партија на Косово и Здружението на воени ветерани на УЧК.
Опозициските партии бараат оставка од Албин Курти бидејќи, како што тврдат, тој со Охридскиот договор прифатил создавање Заедница на српски општини и со тоа ја сменил политиката што со години ја заговарал и ја загрозил таканаречената државност на Косово.