Денеска во 13:00 часот во седиштето на ДУИ, во Тетово, е закажана средба на партискиот врв.
Средбата на дневен ред има една точка, а тоа се внатрешни случувања во ДУИ.
Медиумите пред неколку дена објавија дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети почнал внатрепартиски консултации за разрешување на членовите на „Огнената група“ од партиските органи.