ХАОС ВО ИЗРАЕЛ: Блокиран аеродромот во Тел Авив

од Вести365.МК Ј.Р.

Владата на Израел расправа за замрзнување на нејзината контроверзна планирана судска реформа по масовните протести избувнаа во неделата навечер, објави во понеделникот наутро „Џерусалим пост“.

Синдикатите го окупираа аеродромот во Тел Авив, ги запреа сите полетувања

Утринава, како дел од протестот против судските реформи на израелската влада, синдикатите го окупираа аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Поради ова, сите појдовни летови од Тел Авив се одложени до дополнително известување.

Шефот на израелскиот синдикат Хистадрут Арнон Бар-Давид претходно повика на генерален штрајк низ целата земја, почнувајќи од денеска.

Синдикатот на аеродромци беше првиот што презеде акција. Лидерот на синдикатот им се јавил на работниците, по што сите полетувања од аеродромот биле прекинати. Водачот на синдикатот на аеродромот Бен Гурион, Пинчас Ајдан, рече дека „Наредив итно запирање на полетувањата на аеродромот“, според Тајмс оф Израел.

Израелското лекарско здружение и Федерацијата на локалните власти, исто така, соопштија дека се приклучуваат на штрајкот, јавуваат израелските медиуми.

Слични објави