Грабеж во обложувалница во Бутел, одземен прометот

Грабежот за кој медиумите пишуваа дека се случил во населбата Аеродром, всушност се случил во населбата Бутел, потврдија од МВР за А1он.

Настанот во МВР е пријавен во 10 часот и 20 минути од страна на вработениот во обложувалница.

На полицијата и кажал дека во објектот влегле две лица и со вперено оружје во него одземале пари.

Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични објави