Голем пожар на траект на Филипините – најмалку 31 жртва, меѓу нив и 6 месечно бебе

од Вести365.МК Ј.Р.

Најмалку 28 лица загинаа, меѓу кои и шестмесечно бебе, откако избувна пожар на патнички траект во јужниот дел на Филипините, соопшти крајбрежната стража.

Властите допрва треба да ја утврдат причината за пожарот, кој избувна синоќа околу 23 часот по локално време кај островот Басилан, додека многу патници спиеја во климатизирани кабини на долната палуба на траектот.

„Прво најдовме 10 од нив, тие починаа од давење. Потоа откривме уште 18 на бродот, во кабината. Тие беа целосно изгорени“, изјави за Ројтерс командорот Режард Марфе, шеф на крајбрежната стража во јужниот регион Минданао.

Слични објави