Додека мајка му била во училиштето-осмоодделенец си го одзел животот скокајќи од прозор

од Вести365.МК | Е.Д.

Осмоодделенецот С.Ф. (14) починал денеска откако скокнал од прозорецот од училницата во основното училиште во Качарево. Трагедијата се случила на крајот од часот, пред очите на учениците и професорката по германски јазик кои во тој момент биле во училницата.

Како што пренесуваат медиумите во Србија, момчето седело во последната клупа, а кога заѕвонило ѕвончето истрчало и скокнало низ прозорецот.

– Тој на малиот одмор пред часот беше кај директорот, задоцни неколку минути на час. И мајка му денеска ја викнаа на разговор, беше на училиште. Додека бевме на час тој рече дека му е лошо и побара од другарката да го отвори прозорецот, а другарката ја праша професорката по германски на чиј час бевме дали може и таа дозволи. Кога заѕвони ѕвончето за крајот на часот, тој се стрча преку училницата, бидејќи седеше сам во задната клупа до ѕидот, скокна на мала клупа и се фрли низ прозорецот

, изјавил соученик.– вели изворот на „Блиц“ и додава дека мајката на момчето била на училиште кога се случило сѐ.

Ученик кој во моментот бил во училница на приземјето скокнал низ прозорецот за да му помогне, но несреќното дете се обидело да се крене на раце и паднало.

Телото на момчето е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се врши обдукција и токсиколошка анализа. Директорот на училиштето засега нема да дава официјални изјави.

Слични објави