Овен
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, треба да покажете истенчен слух и „широки хоризонти“ за заеднички планови.
Работа:
Не решавајте туѓи грижи, насочете го своето внимание и креативна енергија кон постигнување корисни цели.
Здравје:
Ќе уживате во повеќе часови здрав сон, опуштете се.
Бик
Љубов:
При средба со саканата личност, нема причина да се инсистира на некои споредни настани.
Работа:
Се консултирате со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација или средба со пријателите.
Близнаци
Љубов:
Важно е внимателно да ги избирате зборовите што ќе ги изговорите пред партнерот. Сè може да се пренесе на посуптилен начин.
Работа:
Изгледате оптимисти и очекувате позитивни одговори. Правилно проценете го редоследот на потезите и не дозволувајте некој да ве престигне.
Здравје:
Не ги преценувајте вашите лични можности, опуштете се.
Рак
Љубов:
Делувате задоволно и инспиративно, добивате емоционална поддршка од личност која има важно место во вашиот живот.
Работа:
Треба да преземете активна улога или да се ориентирате кон практични решенија. Тоа ќе покаже дека успехот е на ваша страна.
Здравје:
Направете нешто корисно како поддршка за подобар изглед и подобро расположение.
Лав
Љубов:
Ја трошите својата енергија и време во погрешни ситуации, некој нема да ги исполни вашите очекувања.
Работа:
Се си има свој „животен век“, а вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.
Девица
Љубов:
Средбата со една личност изгледа заморно, па барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво.
Работа:
Мора да имате јасна претстава за вистинските вредности кои се забележуваат во деловните кругови.
Здравје:
Доколку чувствувате психолошка напнатост, вечерните часови посветете ги на омилената тема и релаксација.
Вага
Љубов:
Повнимателно анализирајте ја личноста што ви се допаѓа. Склони сте кон чести промени во расположението.
Работа:
Деловниот проблем со кој моментално се соочувате не треба да влијае на вашето расположение или концентрација.
Здравје:
Ќе ви годи витаминската исхрана, консумирајте повеќе течности.
Скорпија
Љубов:
Изгледате вознемирени од помислата дека некој емотивно ве запоставува. Тркалото на среќата се врти, бидете потрпеливи.
Работа:
Нечии одговори може да се толкуваат на различни начини, но вие имате лошо чувство и се плашите од можен неуспех.
Здравје:
Размислете за подобра здравствена превенција.
Стрелец
Љубов:
Не сакате утеха, но за жал она што се случува меѓу вас и вашиот партнер однапред наликува на „режирана игра“.
Работа:
Забележувате дека некој има негативно влијание врз вашите соработници. Затоа, не учествувајте во полемики.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација и одмор.
Јарец
Љубов:
Покажете и на вашата сакана личност дека добрата волја и вниманието значат повеќе од „скапи подароци“.
Работа:
Вашиот ентузијазам и личната гордост може да се толкуваат на различни начини, повнимателно изберете ги зборовите што ги користите во друштво на колегите.
Здравје:
Уживајте во работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Водолија
Љубов:
Вие сте во емоционална дисхармонија. Повеќе ве мачи еуфоријата на партнерот отколку чувството на лична дезориентација и емоционална несигурност.
Работа:
Ако се грижите за зачувување на вашите деловни интереси, треба да употребите мала измама или некои методи на кружен тек.
Здравје:
Разубавете го вашето расположение, опуштете се.
Риби
Љубов:
Треба подобро да ги усогласите мислите и чувствата, за да го зачувате личното достоинство пред личност која добро го познава вашиот темперамент.
Работа:
Прифатете поскромна деловна понуда и не потценувајте нечии интелектуални способности. Изгледате збунети.
Здравје:
Применете една од техниките за релаксација, ќе ви се допадне.