Жозеп Борел: Новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени!

од Вести365.МК | С.З.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на Твитер напиша дека Европската унија (ЕУ) го осудува затворањето на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа.

„Новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени. Руските власти уште еднаш го покажуваат своето систематско непочитување на слободата на медиумите“, напиша Борел.

Руската безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека е уапсен дописник на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ под сомнение за шпионажа во корист на Вашингтон.

Слични објави