Раководството на Телеком Србија вечерва најави дека следната година планираат натпреварите на Арена спорт да бидат пренесувани и на македонски јазик.
Планираме пет канали да бидат на македонски јазик и пет на албански бидејќи таму албанскиот јазик е еден од службените јазици-изјави вечерва Небојша Жугиќ директор на Арена спорт.
Арена спорт е еден од најпопуларните канали во Македонија кај машката популација бидејќи има откупено права од најдобрите првенства во Европа, како и НБА лигата и НФЛ.