Премиер лига: Челзи и Волвси конечно победија,Сити,Тотехем и Ливерпул со победи!

Во 34-тото коло од Англиската Премиер лига, екипата на Челси конечно ја прекина серијата на лоши резултати и победи на гости против Борнмут со 3:1. Галахер, Бадијашил и Жоао Феликс беа стрелци за победата на Челзи предводени од Френк Лампард.

Вулверхемптон минимално ја победи Астон Вила со 1:0, со голот на дефанзивецот Тоти, Во останатите натпревари Манчестер Сити го победи Лидс Јунајтед со 2:1 на дебито на Сем Алардајс на клупата на гостите. Илкај Гундоган беше двоен стрелец за „граѓаните“, но во вториот дел не успеа да реализира пенал за да стигне до хет-трик. Веднаш откако тој не погоди од белата точка, во 85-тата минута возврати Родриго на спротивната страна.

Тотенхем славеше против Кристал Палас со 1:0, а победничкиот гол беше дело на Хари Кејн во 45-тата минута. Со овој погодок го надмина Вејн Руни на вечната листа на голгетери во Премиерлигата и сега има 209 голови, а следна цел е лидерот Алан Ширер (260).

Слични објави