Еипата на Наполи после 33 години, ја освоија титулата во првенството на Италија. Навивачите на Наполи кои се надалеку познати по својот фанатизам, по својата страст за фудбалот и се едни од најтемпераментните во Италија, го славеа освојувањето на Скудетото во Удине, откако тимот го обезбеди истиот со реми против домаќинот екипата на Удинезе. Најинтересно беше по завршетокот на натпреварот, кога дел од навивачите однесоа парчиња од бусенот на „Дачија Арената“ во Удине како спомен.