Реал со втора победа во Белград,ќе гледаме “мајсторка” за историја!

Во фантастична четвртфинална серија на Евролигата, Реал Мадрид и Партизан играат за пласман во завршницата. По двете победи на „црно-белите“ во Мадрид, „кралевите“ успеаа да вратат со две победи во Белград, што доведе до одлучувачки петти натпревар. Независно од победникот, оваа „мајсторка“ ќе биде запишана во историјата на најсилното европско кошаркарско првенство.

Ако Реал Мадрид победи, ќе стане првиот тим во историјата кој успеал да се врати од негатива од 2-0, и да го добие толку посакуваниот билет за „фајнл-фор“ турнирот. Сепак, доколку победи Партизан во главниот град на Шпанија ќе биде историски триумф за гостинската екипа во одлучувачкиот петти натпревар и ќе ја прекине низата од 15 победи на домаќините во такви натпревари.

Интересно е дека и екипата на Макаби може да стигне до историски успех во петтиот натпревар од серијата со Монако, каде гостува во Кнежеството, и двата натпревари се играат на 10-ти мај.

Слични објави