Реал поразен во Баскија,Барса на чекор до титулата!

Реал Мадрид продолжува со слабите партии пред одлучувачките натпревари во сезоната, што го вклучуваат финалето на Купот и 1/2 финалето во ЛШ. Вечерва, актуелниот шампион е поразен од Реал Сосиедад и битката за титулата е сведена на нула. Сосиедад има големи шанси да се пласира во Лигата на шампионите, додека Реал Мадрид мора да се подобри.

Кубо донесе голема радост на „Аноета“ во првата минута од вториот дел, но во 61-та минута Реал Мадрид остана со играч помалку откако Карвахал доби втор жолт картон. Сето тоа го искористи Реал Сосиедад во 85-тата минута и со голот на Баренетче ја освои победата.

На другата страна, Барселона направи нов чекор кон шампионската титула со победата од 1-0 над Осасуна на „Ноу Камп“. Во 27-та минута гостите останаа со играч помалку, што драстично ги зголеми шансите за Барселона да дојде до триумф. Меѓутоа, Барса мораше да чека до 85. минута за да го најде патот до голот со голот на Жорди Алба.

Сега разликата меѓу Барселона и Реал Мадрид изнесува 14 бодови на пет кола до крајот. Барселона може веќе на наредната утакмица со победа да ја прослави шампионската титула, додека Атлетико има шанси да го престигне Реал Мадрид, моментално има минус два бода помалку и меч помалку од својот градски ривал.

Слични објави