По срамниот потег, Николиќ со отказ и 10 меча суспензија, Атанасов нов тренер!

По победата на МЗТ над Кожув со 83-69, се зборува повеќе за потегот на тренерот Драган Николиќ од победничката екипа, отколку за самата игра. При резултат 32-28, Николиќ влезе на паркетот и застана пред ривалскиот кошаркар кој го предводеше својот тим во контра напад. Тој не направи чекор, туку влезе два-три метри во теренот,за да ситуацијата на ескалира, мораа да интервенираат судиите и играчите на двете екипи.

Денеска се огласи и Дисциплинската комисија на КФМ, од каде Николиќ,Поради овој непромислен потег, доби суспензија од десет натпревари, како и парична казна од 48.000 денари.,

„Поради крајно неспортскиот однос кон противнички кошаркар, тренерот Николиќ се казнува според Пропозициите за натпреварување и според Дисциплинскиот правилник (ДП)“ се вели меѓудругото во одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Со оваа казна за него сезоната завршува, но освен тоа од екипата на МЗТ се огласија со изјава дека нивниот тренер Драган Николиќ, добил и отказ, Наследник на Николиќ ќе биде младиот Васко Атанасов, кој го водеше тимот во победата против Сплит на гостински терен сезонава во АБА. Атанасов прво ќе биде назначен за привремен тренер, но доколку ја освои шампионската титула во плеј-офот, ќе остане на чело на клубот и наредната сеозна.

По сите овие случувања се огласи и српскиот стручњак, кој не го криеше разочарувањето и порача:

-Од мене направија сериски убиец. Мојата намера беше да ги размрдам моите играчи, не не сонував дека на мене ќе налета Америакенцот Мајрон Гордон. Гордон трна кај мене, веднаш му дадоав рака со извинување што го прифати. Кога се поздравив со колегата, судиите отидов во соблекувалната.

-Знаев дека ќе бидам казнет, ама не со волку натпревари. Официјална суспензија на десет натпревари. Ова е пекол за мене, одземена ми е титулата шампион на Македонија, -порача Николиќ за „Спортски Журнал“.

Слични објави