Барселона со 4:0 на својот „Камп Ноу“ го совлада Реал Бетис во дуелот кој се сметаше за дерби на саботната програма од 32-то коло од шпанското првенство. Водечкиот тим на табелата задржувајќи ја предноста од 11 бодови пред мадридски Реал. Барса ја запечати победата веќе во првото полувреме, со погодоците на Андреас Кристенсен во 14-тата, Роберт Левандовски во 36-та и Рафиња во 39-тата минута, додека автогол си постигна Гвидо Родригез во 82-тата минута. Бетис, кој не прикажа игра која го оправдува неговиот пласман на шестото место, од 33-тата минута играше со десетмина, бидејќи беше исклучен Едгар Гонзалес.

Претходно фудбалерите на Реал славеа на својот „Сантијаго Бернабеу“ против Алмерија со 4:2, со „хет-трик“ на Карим Бензема. Францускиот центарфор го надмина Мексиканецот Уго Санчез (со 234 гола) со два гола разлика и стана четврти стрелец во историјата на првенството по Шпанија. Бензема има 236 гола во Ла Лига и сè уште може да се надева дека ќе му се придружи на историскиот центарфор на Атлетик Билбао, Телма Зара (253 гола) пред неговото пензионирање и ќе се приклучи на третото место на оваа табела. Првите две места, каде што се Лионел Меси (473 голови) и Кристијано Роналдо (311 голови) изгледаат недостижни. Бензема е единствениот активен фудбалер во Шпанија кој е меѓу 15-те најдобри стрелци во Ла Лига.
Во првипт денешен натпревар, екипата на “отпишаниот” Елче, убедливо ја победи екипата на нашиот Столе Димитриевски со 4:0. Најголемо влијание на резултатот имаше црвениот картон на Лејеуне од Рајо кој доби директен црвен уште во 27-мата минута од натпреварот, па потоа му беше многу полесно на домаќинот да постигне 4 гола.
Реал е втор со 11 бода помалку од лидерот Барса, додка Алмерија е 15-та, Бетис се 6-ти, Рајо Ваљекано е 9-ти, а Елче е последен со само 16 бода.