Примера: Барселона поразена од Рајо, Атлетико Мадрид со јубилејни дресови подобри од Мајорка!

Екипата на Рајо Валјекано направи изненадување и ја совлада Барселона со 2-1 во последниот натпревар од денешната програма во шпанската Примера. Рајо во минатата кампања двапати ја доби Барса со по 1-0, првиот овосезонски меч на „Камп Ноу“ заврши без голови, додека пак вечерва Столе Димитриевски и колегите го срушија актуелниот лидер на „Ла Валјекас“. Алваро Гарсија во 19-тата минута погоди за водство од 1-0, додека истото го зголеми Фран Гарсија во 53-тата минута. Конечните 2-1 ги постави Левандовски во 8тата минута. Барса со 76 бода останува на лидерското место, Рајо со 43 бода е 9-тото место на табелата.

Атлетико Мадрид со 3-1 ја победи Мајорка, гостите поведоа, но потоа примија три гола и го загубија мечот. Фудбалерите на Атлетико Мадрид носеа сино-бели дресови, тоа била бојата и дизајнот на дресовите кои ги имале играчите пред 120 години кога клубот бил основан. Резултатот беше отворен во 20-тата минута кога Насташиќ постигна гол за водство на Мајорка од 1-0. Гостите го држеа водството се до пред самиот крај на првото полувреме кога Родриго де Пол по асистенција од Гризман изедначи на 1-1. По само две минути игра во вториот дел Мората даде гол за комплетен пресврт и водство на Атлетико од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Караско во 77-та минута.

Слични објави