Драма во Лондон, Арсенал само со бод против Саутемптон!

Арсенал одигра 3-3 против Саутемптон вечерва, иако имаше негатива од два гола во самата завршница (1-3). Со новото реми, лондонскиот гигант има отворен пат за првото место на Манчестер сити.

Голманот на Арсенал, Арон Ремсдејл, направи грешка во првите 30 секунди, по што Саутемптон заби преку Алкараз. Волкот го зголеми водството на гостите во 14-татс минута, но Мартинели ја врати надежта на Арсенал за пресврт во 20-тата минута со погодок за 1-2.

Иако „топчиите“ имаа шанси во продолжение од средбата, Саутемптон заби за 3-1 во 66-тата минута и го чуваше водството до самата завршница. Во последните минути, Одегард и Сака го спасија Арсенал од поразот со погодоците за 3-3.

Иако Арсенал е прв со 75 бодови, пет повеќе од Манчестер сити,имаат одиграно и два меча повеќе од актуелниот првак.

Слични објави