Шкотска ултрамаратонка, која освои бронзен медал на трката од Манчестер до Ливерпул, е дисквалификувана и пријавена во Атлетската федерација на Велика Британија за тешка измама.

Со умислата да ги измами организаторите, учесничката Јоасија Закржевски трчала само 76 километри од долгата трка од 80 километри, а преостаните 4 километри се верува дека ги поминала со возење во автомобил. Организаторите откриле неправилност откако установиле дека Јоасија, поминала 1,6 километри за само минута и 40 секунди, што било нереално. По прегледот на податоците од системот за следење на трката, GPS податоците, и изјави од другите учесници, директорот на трката, Вејн Дринквотер, потврдил дека учесничката е дисквалификувана бидејќи користела превозно средство во дел од трката. Случајот е под истрага.