АБА2: По многу драма и продолженија Крка е новиот шампион и АБА-лигаш!

Во финалниот натпревар од плеј-офот во АБА2 лигата, одржан вечерва во Домжале, гледавме драматичен натпревар помеѓу Крка Ново Место и Хелиос Санс. По продолженија, Крка успеа да ја освои титулата во АБА2 лигата со минимална победа од 82-83 над Хелиос Санс, кои играа на својот терен.

И двата тима покажаа многу желба за победа, а на полувремето Крка имаше предност од 35-38. Во вториот дел, динамиката на натпреварот остана иста, а на крајот, и двете екипи имаа шанси за победа, но резултатот беше 78-78 и затоа мораше да се оди во продолженија. Во екстра-времето, Крка имаше повеќе среќа и умешност и го освоија натпреварот со 82-83, иако Хелиос имаше напад за победа. Најдобар играч на Крка беше Стипчевиќ со 20 поени, три скока и две асистенции, кој повторно ја покажа својата класа во регионалната лига. Најдобар играч на Хелиос Санс беше Буљевиќ со 20 поени и седум скока, а Махковиќ додаде 19 поени.

Со оваа победа, Крка се враќа во АБА лигата, додека Хелиос Санс ќе играат плеј-оф за пласман во АБА лигата против Борац од Чачак, откако имаа блескава сезона и го елиминираа нашиот Пелистер во четвртфиналето.

Слични објави