Нејзините мемоари ќе го потресат светот: Бритни Спирс е подготвена да ја раскаже својата ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

од Вести365.МК Ј.Р.

На почетокот на минатата година беше објавено дека Бритни Спирс планира да објави мемоари во кои конечно ќе ја раскаже „својата животна приказна од нејзина гледна точка“.

Како што пренесуваат светските медиуми, книгата е речиси готова и наскоро би можела да се најде во книжарниците ширум светот, прогнозите се дека тоа ќе биде наесен, пренесува Page Six.

Според Page Six, Бритни Спирс ги завршува „брутално искрените“ мемоари и тоа ќе го „потресе светот“.

„Книгата на Бритни е приказна за триумф. Ќе ги покрие нејзините најранливи моменти, нејзиното детство – кога беше девојка со големи соништа – раскинувањето со Џастин Тимберлејк, моментот кога ја избричи главата и нејзината борба со семејството кое до неодамна го имаше старателството над неа“, изјави изворот за споменатиот медиум и додаде дека се подготвува да го потресе светот:

„Таа целосно победува на овие страници. Оваа книга ќе го потресе светот“.

Бритни потпишала договор со издавачката куќа вреден 15 милиони, ексклузивно пренесува Page Six.

Самата Спирс на социјалните мрежи посочи дека сака оваа книга да ја прикаже како некој што преживеал.

„Вљубена сум во животот што го изградив за себе. Би требало да бидам, после сета напорна работа што ја имав за да се ослободам од контролата на татко ми. Оваа новооткриена независност ми дава сила секој ден и способност да останам фокусирана, бестрашна и искрено да бидам само добар човек“, беше искрена Спирс во неодамнешната објава на Инстаграм и се осврна на книгата:

„Немам семејство кое ме цени или почитува… Воопшто не. Тоа е најтешкиот дел за мене, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Кога објавувам во тие моменти, сакам само да зборувам од срце бидејќи ми е исклучително тешко. Напишав три различни верзии на мојата книга и имав многу терапија низ процесот“.

Слични објави