Полицијата во Солун откри 58 килограми кокаин спакуван со банани од Еквадор

од Вести365.МК Ј.Р.

Педесет пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто тежина од 57 килограми и 919 грама, беа откриени при проверки во солунското пристаниште, од страна на службеници на Регионалниот тим за борба против дрога на Централната пристанишна управа на Солун, соопштија од грчката крајбрежна служба.

Количината на дрога, вредна 1,6 милиони евра, е пронајдена во механизмите за ладење на ладилник со легален товар банани, со потекло од пристаништето во Еквадор.

Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, ја заплени горенаведената количина наркотици, контејнерот како средство за прикривање и транспорт, како и преносен систем за следење (ГПС), кој бил поставен заедно со наркотиците, објавија грчките медиуми.

Слични објави