Голема полициска акција утрово, осомничени и вработени во Царинска управа

од Вести365.МК Ј.Р.

Во тек е голема полициска акција на подрачјето на Скопје – Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање на криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела, неофицијално дознава „Република“.

Според првични и неофицијални информации, уапсени се 6 лица, а се трага по уште неколкумина. Меѓу нив има и лица вработени во Царинската управа.

Полицијата тресе на повеќе од десет локации низ горе спонатите градови. Во Скопје и Тетово при претрес во правен субјект пронајден е магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.

Слични објави