Вселенскиот патријарх Вартоломеј удостои со највисока чест неколку свештеници на МПЦ-ОА

Вчера на празникот Цветници, вселенскиот патријарх Вартоломеј удостои со највисока чест и со свештени достоинства  неколку свештеници на Македонската православна црква- Охридска архиепископија. 

Портпаролот на синодот на МПЦ ОА-владиката Тимотеј за ТВ 24 изјави дека ова бил чин на демонстрација на љубов кон свештенството од страна на вселенскиот патријарх кој прво се обратил со барање до нашата црква да делегира неколку свештеници кои би биле унапредени од него.

Чинот се одржал на островот Имврос каде е роден вселенскиот патријарх Вартоломеј, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“. Од рацете на Вартоломеј и со блаженство на поглаварот на МПЦ-ОА господин господин Стефан и на надлежниот митрополит Тимотеј, за протопрезвитери биле назначени секретарот и отците од дебарско -кичевската епархија Никола Христоски, Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски. Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од Бигорскиот манастир биле ракопроизведени во највисоката монашка титула во црквата архимандрити на вселенскиот патријаршиски престол а свештениците Бобан Митевски од скопската епархија, Александар Димовски од дебарско- кичевската епархија и Симеон Кантурски од струмичката епархија биле удостоени со чинот протопрезвитери на вселенскиот патријаршиски трон.  

Слични објави