Атлетико Мадрид го победи Рајо Валјекано со 2-1, иако втората половина од натпреварот мораше да ја одигра со фудбалер помалку поради исклучувањето на Лајун. Водството на гостите го постигна Молина во 22. минута, а Хермосо го зголеми резултатот на 0-2 само две минути подоцна. Рајо Валјекано успеа да се врати во играта во 85. минута со погодок на Фран Гарсија, но не успеа да израмни.
Во директниот дуел за опстанок Валенсија загуби на гостувањето кај Алмерија со 2-1. Домаќините забележаа водство од 1-0 во 49. минута преку голот на Мелеро, а само 9 минути подоцна зголемија на 2-0. Гостите успеаја да намалат на 2-1 во 60. минута преку Кастиљехо, но тоа не беше доволно за да го спасат мечот. Валенсија продолжува да тоне и до крајот на шампионатот ќе има тешка задача да обезбеди опстанок.

На останатите средби Ваљадолид и Мајорка одиграа ефикасен натпревар со конечни 3:3, додека екипата на Кадиз се враќа со 3 бода од незгодното гостување против екипата на Бетис, вреди да се спомене дека екипата на Бетис мечот го заврши со 9 играчи, најпрво беше исклучен Каналес во 38-та минута, па во 60-тата минута и Руибал за неспортско однесување.