Товарен брод кој бил на пат кон Украина потонал во близина на турскиот брег. Спасувачките екипи пронајдоа пет членови на екипажот на The Joe 2 во близина на Кумлуча, во провинцијата Анталија и се обидуваат да лоцираат уште девет, пишува Sky News.
Причината за потонувањето на бродот се уште не е позната. Повикот за помош е упатен во 03:47 часот. Командата на турската крајбрежна стража испрати неколку чамци и два хеликоптери. Бродот тргна од турското пристаниште Искендерун.