Кои се експертите кои ќе го менуваат Уставот?

од Вести365.МК Ј.Р.

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, академикот Владо Камбовски, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, професорката по уставно право Беса Арифи и Александар Спасов, советник по уставни прашања од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски, како и професорот по уставно право Светомир Шкариќ неофицијално ќе бидат експертите кои ќе бидат ангажирани за уставните измени, објави порталот Фактор.

Експертскиот тим се очекува да се официјализира до средината на месецов. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ веќе најави дека ќе се формира експертска група којашто ќе ги формулира амандманите за уставните измени. Маричиќ најави дека ќе поканат неколку видни експерти по уставно право, но, како што рече, вратата ќе ја остават отворена и за сите политички партии коишто ќе бидат поканети да номинираат свои претставници со цел да се формулираат уставните амандмани.

Потоа се очекува поширока општествена расправа пред уставните измени да влезат во Собранието, во која би се дискутирало и за самите амандмани.

Целиот текст тука.

Слични објави