Одбележан стартот на изградбата на коридорот 8. Со свечена пригода и со поставена бина на автопатската делница Тетово – Гостивар веднаш после патарината удрен камен темелникот на трасата.
Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше присуствува на настан по повод поставувањето камен-темелник на проектот Коридор 8, што ќе се одржи кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар.
Покрај Ковачевски, на настанот, меѓу другите присуствуваа и се обратија и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 ќе ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого Владата на 8 март годинава потпиша договор за изградба на четири автопатски делници во должина од 108,8 километри.
„Арбериа дизајн“ е фирмата која ја организира денешната свеченост. „Арбериа дизајн“ е фирма која често ги организира владините настани. Лани беше ангажирана од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби за прославата на годишнината од Рамковниот договор, а годината претходно и за прославата на Денот на албанската азбука. Таа стана и еден од најголемите играчи во бизнисот со учебниците по воведувањето на Кембриџ-програмата во 2014 година. Во 2015 г. беше најголемиот поединечен донатор на ДУИ.