Кошаркарите на Универзитетот Конектикат го совладаа Сан Диего со 76:59 во финалето, и се прогласени за најдобрата екипа за оваа сезона во НЦАА лигата. Мечот се одржа во Хјустон пред преку 70.000 гледачи.
Конектикат беше доминантен низ целиот турнир и со истата игра продолжи и во завршниот меч, кој го доби со двоцифрена разлика, а ова му беше вкупно петта титула.
За најкорисен играч на завршниот турнир беше прогласен Адама Саного, кој во финалето постигна 17 кошеви и имаше 10 скокови, а Тирстен Њутон имаше 19 поени и 10 скокови. Најефикасен играч на Сан Диего Кешад Џонсон кој постигна 14 поени, додека Дерион Тремел и Ламонт Батлер постигнаа по 13 поени..