На претставувањето на Ендрик во Реал присуствуваа 43 илјади гледачи

од Вести365.МК Ј.Р.

На денешната промоцијата на Ендрик во Реал Мадрид присуствуваа 43 илјади навивачи.

Осумнаесетгодишниот напаѓач потпиша договор со шпанскиот клуб и официјално беше претставен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Да потсетиме, на претставувањата на Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе како мадридски фудбалери присуствуваа 80 илјади фанови.

Кога Роналдо се пресели во Реал Мадрид, тој имаше 24 години, Мбапе дојде неодамна со наполнети 25 години

Слични објави