Мбапе пречека во Реал, ќе ја носии деветката

На фотографијата 25-годишниот Французин позира со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез. Тој држи  персонализиран дрес на Реал Мадрид со број 9, кој ќе го носи во тимот.

Во текот на денот 25-годишниот Французин беше на лекарски преглед во Реал Мадрид. Подоцна ќе биде претставен како играч на Реал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид на 3 јуни го објави трансферот на Килијан Мбапе. Французинот потпиша договор со клубот до летото 2029 година. Претходно фудбалерот настапуваше за ПСЖ и Монако.

Слични објави