За Гризман заинтересирани клубови од Англија и САД

од Вести365.МК Ј.Р.

За фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се заинтересирани клубови од англиската Премиер лигата и американската МЛС.

Според „Football Espana“, договорот на 33-годишниот играч предвидува ослободителна клаузула од 15 милиони евра. 

Сепак, неизвесно е дали Гризман ќе има нова клупска средина, бидејќи не сака да го напушти Атлетико.

Договорот на Французинот со мадридскиот клуб е до летото 2026 година. 

Во сезоната 2023/24, Гризман одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна 24 гола и беше творец на осум асистенции.

Слични објави