Леклер: Можам многу да научам од Хамилтон, ова е одлична можност да покажам колку вредам

од Вести365.МК Ј.Р.

 Возачот на Ферари, Шарл Леклер, се надева дека ќе научи многу од Луис Хамилтон, кој ќе му стане тимски колега од следната сезона.

– Можам многу да научам од Луис. И за мене лично ова ќе биде одлична можност да покажам што навистина вредам. Ова е многу интересен и возбудлив предизвик. Ќе биде одлично. Со месеци знаев дека постои шанса тој да дојде во Ферари. Но, сепак бев многу изненаден кога дознав дека овој трансфер всушност ќе се случи. И ме чека неверојатен тест. На крајот на краиштата, зборуваме за возачот со најмногу победи во историјата на Формула 1. Да го имам Луис како тимски колега е фантастично, изјави Леклер.

Британецот Луис Хамилтон кој е актуелен пилот на Мерцедес, од следната година ќе биде тимски возач на Ферари.

Слични објави