Дејвид Бекам се појави на БАФТА наградите. Одржа говор, а само со еден збор ги разбесни Британците.
За време на својот говор на сцената, фудбалерот кажа „soccer“ американскиот збор за фудбал, наместо „football“ на неговиот мајчин јазик.
Овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а посебно збеснаа Британците кои го критикуваа дека им се „ласка“ на Американците.
На доделувањето Бекам се прости и од принцот Вилијам, кој на доделувањето дојде без сопругата Кејт Мидлтон за прв пат по многу години.