Ѓоковиќ: Ова беше еден од најлошите мечеви

Откако првпат загуби во кариерата во полуфиналето во Мелбурн, Новак ги кажа своите впечатоци од мечот.

„Сакам да му честитам на Синер кој одигра одличен турнир, заслужено е во финалето, ме надигра. И бев шокиран од моето ниво, ништо не одиграв како што треба, ова е еден од најлошите натпревари што сум ги одиграл на Гренд Слемови. Секоја чест за него што направи некои работи подобро од мене. Успеав да се засилам во еден момент, при 2:1 во четвртиот сет имав 40:0, таму згрешив, но… Тоа е тоа. Нивото на мојот тенис не беше добро. Во тие моменти се обидуваш да најдеш смиреност, но и да се подигнеш себеси и играта. Така се обидов. Мислам дека публиката беше коректна за двајцата. Тоа е тоа, честитки , рече на почетокот Ѓоковиќ.

Слични објави