Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата е прогласен за светски шампион од Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
Во сингл за жени, според нивното мислење, најдобра е белоруската тенисерка Арина Сбаленка.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ ги освои титулите на Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен и со тоа го подобри својот рекорд по бројот на титули на Грен слем турнирите.
За Сабаленка се издвојува нејзиниот прв успех на еден од четирите најголеми турнири во светот на тенисот, кога славеше во Мелбурн, а потоа стигна до полуфиналето на УС Опен. Меѓу првите четири се пласираше и на преостанатите два Грен слем.
„Честитки за нашите светски шампиони на ИТФ од 2023 година. Овие награди ги признаваат неверојатните сезони што ги имаа овие 11 спортисти, при што нашите светски шампиони заедно освоија неверојатни 24 грен слем титули во 2023 година. Се надеваме дека играчите ќе уживаат во мирен претсезонски период во следните недели и им посакуваме се најдобро во сезоната 2024“, изјави претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти.