Државата издвои 16 милиони евра за учебници, а некои ќе стигнат за Нова Година

Министерството за образование и наука склучи договори во вредност од 16 милиони евра за новите учебници за оваа и за следната училишна година, но учениците се уште не ги добиле учебниците и учат од помошни материјали опфаќаат само едно поглавје од наставниот материјал.

Тендерите за книгите за основно и средно образование за следните две години се тешки 16,5 милиони евра и во оваа сума е вклучено превод, печатење и дистрибуција. Според податоците од Бирото за јавни набавки државата ќе плати многу повеќе за печатење годинава отколку за учебната 2022/23 кога МОН потроши 5,5 милиони евра.

Националната комисија за учебници сѐ уште работи на одобрување на нови учебници и некои ќе стигнат дури на крајот на декември колку што е и утврдениот рок во тендерот за печатење на истите, стои во анализата на А1он.

Слични објави