Три деца со ретка болест Ахондроплазија, за првпат добија лек во Македонија

од Вести365.МК Ј.Р.

Три деца, пациенти со ретка болест Ахондроплазија добија лек на Клиниката за детски болести. Станува збор за болест која што се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето, а лекот влијае на поттикнувањето на развојот на овие пациенти.
-Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот. Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, информираше министерот за здравство, доктор Фатмир Меџити.

Лекот се вика „Восоритајд“ и на барање на Клиниката за детски болести испорачан е за три пациенти.

За неговата набавка, обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.

Слични објави