Косовскиот премиер Аљбин Курти попладнево во Општина Чаир присустуваше на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во улица Адем Ддемачи, а беше придружуван од домаќинот градоначалникот Висар Ганиу, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и лидерот на партијата во формирање, Изет Меџити. Курти истакна дека во Косово има многу улици кои го носат името на Адем Демачи, но нагласи дека оваа улица во скопски Чаир која ќе го носи тоа име е нешто посебно.
Косовскиот премиер Курти рече дека пред пред две недели била одбележана пет годишнината од смртта на Адем Демачи и нагласи дека „тоа што Демачи ќе има своја улица во Северна Македонија е од особено значење“.
Курти потсети дека Адем Демачи поради своите заложби и дејност во поранешна Југославија бил осуден вкупно на 28 години затвор, но дека сепак „останал нескротлив симбол за слободата на Албанците во Југославија“.
Тој потоа рече дека Демачи, односно како што се изрази, чичко Адем му бил многу од помош во неговата изградба како политичар и дека му кажал оти најомилената политичка личност на 20 век му билљ Хасан Приштина.
„Денес, како што се сеќаваме на Адем Демачи, природно се сеќаваме и на Хасан Приштина, кој утре, но пред 111 години, дојде да го ослободи Скопје заедно со Бајрам Цури и Иса Болетини, додека задутре пред 90 години беше свирепо убиен во Солун“, рече. Курти.