Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изјави дека не гледа ништо трагично во неговите средби со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, пренесува ТВ21.
Таравари рече дека на средбите по случаен избор со Ахмети не се разговарало на тема, туку дека средбите биле по повод разни прослави. „И во петокот се сретнавме, случајно, без најава, се сретнавме и вчера. Не гледам ништо трагично. И кога имаше средби без камери, инсистирав од ПР тимот да се прикажува бидејќи ништо не криеме. Комуницираме со сите политички партии и македонски и албански, освен со Левица. Со сите други имаме редовна комуникација и така ќе продолжиме“, рече Таравари