Пратеникот од партијата Беса, Фадиљ Зендели напиша на својот Фејсбук профил дека ја нуди својата оставка од местото пратеник во Собранието доколку владеачката коалиција СДСМ-ДУИ гласаат за отстранување на условот 20 отсто и во Уставот се впише албанскиот јазик.
Како пратеник поднесувам оставка, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20 отсто и во Уставот е впишан албански јазик, напиша пратеникот од Беса.
Ова следува откако вчера Демократската унија за интеграција (ДУИ) понуди оставка на своите министри од владата доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ гласа за амандманите поврзани со воведувањето на Бугарите во македонскиот Устав.