СДСМ: За 20 месеци ДПМНЕ го врати Скопје назад за 60 години

од Вести365.МК Ј.Р.

„Поминаа 20 месеци од мандатот на ДПМНЕ во Скопје, се трошат околу 100 милиони евра годишно, пари на скопјани а главниот град уназадува и се гуши во ѓубре. Наместо модерно Скопје како што ветуваа пред граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ создадоа хаос и Скопје го претворија во една голема депонија“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

„Јавниот превоз не функционира. Ниту едно ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема бесплатен превоз, нема модерен транспорт, нема фабрика за автобуси. Скопјани се целосно изневерени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. За 20 месеци ДПМНЕ го врати Скопје назад за 60 години“, стои во соопштението.

Слични објави