Партизан е новиот шампион на АБА лигата!

Партизан ја освои рекордната седма титула во АБА лигата, по девет години чекање, откако го совлада најголемиот ривал екипата на Црвена Звезда со 96:85 (30:18, 24:16, 21:34, 21:17).

На половина од првото полувреме, Партизан водеше со 16:9. Во првата четвртина, Партизан реализира шест тројки од осум обиди. Во вториот дел, Партизан имаше предност од 20 поени (46:26), а полувремето заврши со резултат 54:34. Во третиот дел, Звезда ја намали предноста на минус 11 (50:61), но Партизан ја консолидираше одбраната и влезе во последната четвртина со резултат 75:68. Во финишот на натпреварот, Партизан успеа ја задржи предноста и ја победи Звезда со конечни 96:85.

Најефикасен играч за Партизан беше Пантер со 32 поени, додека Добриќ беше најефикасен за Звезда со 18 поени. Натпреварот се одигра пред 22.198 навивачи во Штарк арената, што е нов рекорд на посетеност во АБА лигата.

Слични објави