Репрезентацијата на Шпанија ја победи Италија со 2:1 во второто полуфинале на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Де Гролш Весте“ во Еншеде (Холандија).
Џереми Пино го постигна првиот гол за Шпанија во 4-та минута, а Хоселу го постигна победничкиот гол во 88-та минута. Чиро Имобиле реализираше голот за Италија во 11-та минута.

Во финалето на Лигата на нации, репрезентацијата на Хрватска ќе игра со „Црвената фурија“, додека Италија ќе се соочи со Холандија во натпреварот за третото место.
Последните два натпревари од Лигата на нации за оваа сезона ќе се одиграат на 18 јуни во Холандија.