Владо Илиевски, нов спортски директор на Цедевита Олимпија!

Владо Илиевски, македонската кошаркарска легенда, и официјално е именуван за нов спортски директор на словенечкиот гигант Цедевита Олимпија. Илиевски настапуваше за овој клуб во различни периоди од својата богата кариера и доаѓа како замена на Сани Бечирович, кој ја обавуваше оваа функција во последните четири години, а заминува да работи како прв оперативец на Панатинаикос.

Илиевски изрази големо задоволство што ќе биде спортски директор на најголемиот словенечки кошаркарски клуб и е среќен што се враќа во Олимпија, клубот кој му даде многу во минатото, но овојпат со различна улога. Тој изјави дека ќе даде се од себе за да создаде успешна приказна, заедно со кошаркарите, тренерскиот штаб и останатите во управата на клубот.

Во својата кариера, Илиевски го носеше дресот на Олимпија во три различни периоди: помеѓу 2001 и 2003 година, 2008 и 2009 година, и на крајот помеѓу 2009 и 2011 година. Тој има една титула во Адријатичката кошаркарска лига (ABA) и шампионски пехари во Словенија, Италија и Чешка, а има играно за различни клубови како Неметали Огражден, Работнички, Партизан, Барселона, Лотоматика, Тау Керамика, Ефес Пилсен, Цедевита и Олимпија.

Најголемиот успех на Владо Илиевски исто така останува запаметен, а тој е пласманот на македонската кошаркарска репрезентација во полуфиналето на Европското првенство во 2011 година, осигурен со неговата феноменална тројка во четвртфиналето против домаќинот Литванија.

Слични објави