Цената на кацигата што ја носеше Шарл Леклер, возачот на Формула 1 за Ферари, на аукцијата организирана од RM Sotheby’s, достигна рекордни 306.000 евра. Оваа цена ја прави најскапата продадена кацига на светот, надминувајќи ја претходната рекордна цена од 162.000 евра за кацигата на легендарниот Аиртон Сена во 2019-та година.

Освен кацигата, на аукцијата беа продадени и други предмети од Леклер, вклучувајќи го неговиот комбинезон за 61.000 евра, чевлите за 20.400 евра и ракавиците за 42.000 евра. Сите овие предмети беа потпишани од Леклер пред продажбата.
Вкупната собрана сума од 429.600 евра, е донирана за настраданите во областа Емилија Ромања, која беше поплавена и каде беше откажана трката на Имола за Големата награда на Италија.